Бајден и оддаде почит на кралицата Елизабета

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска и оддаде почит на британската кралица Елизабета Втора, еден ден пред нејзиниот државен погреб, појавувајќи се на балконот на Вестминстерската сала додека редица луѓе поминуваа покрај нејзиниот ковчег.

Бајден е еден од многуте државници и членови на кралски семејства од цела Европа, Азија, Африка и Америка кои ќе присуствуваат на погребот во понеделник.

Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон за да и оддадат почит на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст.

Американскиот претседател подоцна ќе му се придружи на британскиот крал Чарлс Трети и други светски лидери на приемот пред погребот.

„Нејзиното наследство ќе биде напишано со големи букви на страниците на британската историја и во приказната за нашиот свет“, истакна Бајден во пораката со сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета.

Бајден беше еден од 14-те американски претседатели за време на 70-годишното владеење на британската кралица Елизабета.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа