Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден, нeговата потпретседателка Камала Харис, како и неговиот претходник Барак Обама, денеска во Белата куќа ќе се обратат за законот за достапно здравство усвоен од Обама пред точно 12 години.

Во обраќањето тие ќе соопштат за нови политики за намалување на трошоците на задравствените услуги во САД.

Популарно наречен „Обамакеар“, законот е историски затоа што за првпат се создаде систем за државно здравствено осигурување во САД. Претседателот Бајден сака да ги прошири придобивките на ов ој закон.

За време на Бајден, бројот на корисници на „Обамакеар“ се зголеми, додека зголемените државни субвениции ги намалија трошоците за корисниците, иако ова не се очекува да биде долготрајно.

Покрај ова работно задолжение, Бајден и Обама планираат заеднички ручек во Белата куќа, неделен ритуал што двајцата го правеа кога Бајден служеше како потпретседател на Обама.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев