Бајден и Фон дер Лајен ќе разговараат за трговијата, Западен Балкан и климата

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ќе ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со која ќе разговара за трговијата и превирањата на Западен Балкан, меѓу останатите прашања, додека настојува да ги подобри односите со Европската унија.

Состанокот доаѓа веднаш по средбата на Бајден со Фон дер Лајен за време на форумот на светските лидери на Г20 во Рим и на конференцијата на ОН за климата во Глазгов.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери ќе разговараат за резултатите од тие собири и за економските прашања преку заеднички совет за трговија и технологија САД-ЕУ, потоа за глобалното затоплување и регионалните прашања, како што се Украина и Западен Балкан.

Демократот Бајден се обидува да ги зајакне односите со Европа откако неговиот претходник, републиканецот Доналд Трамп, ги отфрли сојузниците и институциите за време на својот мандат.

– Претседателот Бајден ќе ја повтори својата поддршка за Европската унија како основен партнер на САД, истакна портпаролката на Белата куќа, Емили Хорн.

Трансатлантските односи се подобрија за време на Бајден, а САД и ЕУ решија два големи трговски спора околу субвенциите за авиони и производството на челик, со цел да се справат со заканите кои ги претставува Кина.

Бајден и Фон дер Лајен би можеле да разговараат за остриот скок на цените на енергијата што ја поттикна загриженоста за инфлација, продлабочувајќи ги дискусиите кои започнаа за време на Г20.

Бајден, кој ги принуди ОПЕК и неговите партнери да ги зголемат резервите на нафта, ги повика големите земји-производители на енергија од Г20 со слободен капацитет да го зголемат производството за да обезбедат посилно глобално економско закрепнување.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва