Бајден го ослободи првиот затвореник од Гвантанамо

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска премести еден затвореник Мароканец од американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо, што е прв ваков потег откако Бајден ја презеде функцијата

Мароканецот Абдул Латиф Насир (56), кој бил затворен од 2002 година, бил ослободен уште во 2016 година, но и покрај тоа останал во озлогласениот затвор за време на целиот мандат на Трамп.

Сега тој е вратен во својата земја.

Во затворот останаа уште 39 затвореници. Повеќето од нив се притворени скоро две децении, иако не биле обвинети ниту им е судено.

Затворот во Гвантанамо, наменет за странски осомничени по нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, основан како симбол на американската „борба против тероризмот“, постојано беше цел на критики поради бруталните методи на испрашување, за кои критичарите велат дека се тортура.

Доналд Трамп за време на својот четиригодишен мандат го држеше затворот во функција, додека Бајден вети дека ќе го затвори објектот, кој е на мета на бројни организации за заштита на човековите права поради постојаните сведоштва за тортура и нечовечки третман на затворениците.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа