Бајден ги соопшти имињата на осуммина сојузни обвинители кои ги предлага

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска номинираше осуммина кандидати за американски сојузни обвинители, вклучувајќи го и главниот федерален обвинител, кој доколку биде потврден, ќе ги надгледува постапките во процесот против лицата кои упаднаа во Капитол на 6 јануари.

Метју Грејвс, адвокат и поранешен помошник обвинител на САД, е изборот на Бајден за сојузен обвинител на округот Колумбија, во кој обвинителството е преплавено со случаи поврзани со немирите на 6 јануари.

Сојузните обвинители издадоа потерници за повеќе од 535 лица, обвинети за учество во насилството во кое демонстрантите се судрија со полицијата, ги искршија прозорците и ги принудија членовите на Конгресот, а потоа и потпретседателот Мајк Пенс да побегнат на безбедно место.

Бајден, исто така, го номинираше Рашела Ролинс, обвинителка од Бостон, која е дел од растечкото национално движење на „прогресивни обвинители“ кои ги поддржуваат напорите за отстранување на расната нееднаквост, со отфрлање на традиционалната култура на „одлучна пресметка со криминалот“ што доведе до непропорционален број црнци во затворите.

Меѓу другите кандидати се Ерек Барон од дистриктот Мериленд, Николас Браун од западниот дистрикт Вашингтон, Клифорд Џонсон од дистриктот Северна Индијана, Захари Мајерс од дистриктот Јужна Индијана, Трини Рос од западниот дистрикт Њујорк и Ванеса Валдреф од источниот дистрикт Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД