Бајден ги повика воените лидери на Судан да формираат преодна влада

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ги повика воените лидери во Судан веднаш да ги ослободат сите уапсени, како и повторно да воспостават институции на преодната влада.

– Настаните од претходните денови претставуваат голем чекор наназад, но САД ќе продолжат да бидат со народот на Судан и нивната ненасилна борба за унапредување на целите на суданската револуција, рече Бајден во соопштение.

Советот за безбедност на ОН претходно денеска изрази „сериозна загриженост поради воениот удар во Судан“ и ги повика воените власти во земјата повторно да воспостават цивилна преодна влада.

Суданските воени сили во понеделникот уапсија повеќе функционери, вклучително и премиерот Абдала Хамдок, и ја презедоа власта во земјата.

Еден ден откако суданската армија ја презеде власта, продемократските демонстранти ги блокираа улиците на главниот град со импровизирани барикади и запалени гуми.

Воениот удар и преземањето на власта дојдоа по неколкунеделни тензии меѓу воените и цивилните претставници околу темпото на транзицијата на Судан кон демократија.

На премиерот Хамдок и неговата сопруга, кои беа приведени откако армијата изврши државен удар и ја презеде власта, во вторникот им беше дозволено да се вратат во својот дом во Картум.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство