Бајден ги повика приврзаниците да донираат за правната битка за заштита на изборите

Од:

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џо Бајден ги повика приврзаниците да дадат финансиски придонес во акцијата на неговата кампања за заштита на изборите во случај на можна правна битка.

– За да се осигураме дека секој глас ќе биде преброен, ние започнуваме најголема акција за заштита на изборите. Бидејќи Доналд Трамп нема да го одреди резултатот од овие избори, туку граѓаните на Америка, рече Бајден на Твитер.

Кандидатката за потпретседател на САД Камала Харис исто така ги повика приврзаниците на Твитер да донираат.

„Трамп синоќа се закани дека ќе оди на суд за да спречи пребројување на сите гласови, но нашата кампања е подготвена да возврати. Нашата работа може да трае со недели и ни треба вашата помош. Дали можете да донирате пет долари на Фондот на Бајден за борба?” , напиша Харис.

Исходот од претседателските избори во САД е сè уште неизвесен, а пребројувањето на гласовите и натаму трае.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва