Бајден ги помилува Фаучи, генерал Мили и членови на Претставничкиот дом за да ја спречи најавената одмазда на Трамп

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ги помилува д-р Ентони Фаучи, пензионираниот генерал Марк Мили и членовите на Претставничкиот дом кои го истражуваа нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, користејќи специјални овластувања во последните часови од неговиот мандат, со цел да се спречат потенцијалните правни последици за тројцата по враќањето на Трамп на власт.

Британските медиуми пренесуваат дека најновата одлука на Бајден доаѓа откако Трамп предупреди на листата на непријатели, на која се наоѓаат оние кои политички му се спротивставија или се обидоа да го повикаат на одговорност за обидот да ја поништи неговата изборна загуба во 2020 година и неговата улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Фаучи речиси 40 години служеше како директор на Националниот институт за алергија и заразни болести во Националниот институт за здравје и беше главен медицински советник на Бајден до неговото пензионирање во 2022 година. Тој помогна да се координира одговорот на нацијата на пандемијата на ковид-19 и го навлече гневот на Трамп кога одби да ги поткрепи неговите тврдења за вирусот.

Тој стана цел на омраза и гнев од десницата, која долго време го обвинуваше за задолжително носење маски и други политики за кои веруваат дека ги кршат нивните права, дури и кога десетици илјади Американци умираа.

Генералот Марк Мили е поранешен претседател на Здружениот генералштаб, кој го нарече Трамп фашист и детално го опиша неговото однесување во времето на бунтот на 6 јануари 2021 година.

Помилувањето е право на претседателот на САД да ги укине или ублажи казните, дури и пред лицето да биде официјално осудено, бидејќи Трамп во овој случај би можел да поведе истраги или тужби кои би можеле да бидат политички мотивирани.

Во САД, претседателот може да ја искористи својата моќ за помилување за да заштити поединци од можна политичка „одмазда“ во иднина, што е можно објаснување зошто Бајден ги помилувал овие луѓе, за да ги заштити од потенцијалните последици од идната администрација.

Би можело да ве интересира

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Горан Наумовски

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Трамп ќе прогласи вонредна состојба

Орбан: Претседателството на Трамп ќе предизвика нов бран на десницата во Европа

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута

ВИДЕО: Радикални промени уште на првиот ден, кои се ветувањата на Трамп

Катерина Ѓуровски