Бајден формира тим од 12 луѓе за борба против коронавирусот

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден како свој прв приоритет го одреди формирањето на 12-члена комисија, која ќе има само една задача – да најде начин Америка да се избори со пандемијата на коронавирусот.

Тимот на Бајден за борба против коронавирусот ќе го водат тројца копретседатели – Вивек Марти, Дејвид Кеслер и Марсела Нуњез-Смит – кои имаат завидна биографија од областа на вирологијата.

– Нема да се штедам за да ја свртам целата ситуација со коронавирусот, рече Бајден.

Демократскиот кандидат за време на кампањата во неколку наврати го критикуваше Доналд Трамп поради начинот на кој се справува со коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 237.000 луѓе во САД.

Минатата недела, САД регистрираа рекорден број на случаи за седум дена, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 10 милиони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел