Лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Чемил Баик изјави дека Курдите не сакаат растурање на Турција, отцепување и создавање посебна држава, но дека ПКК е подготвена за интензивирање на борбите, затоа што, како што вели, владата во Анкара се обидува да ги натера Курдите да се предадат.
– Ердоган предизвика ескалација на оваа војна, па Курдите немаа друго, освен да се браант себе си, до крајот. Се додека војната е определба на Турција, ние од ПКК ќе војуваме, изјави Баик за Би-Би-Си.
Тој ги отфрла обвинувањето на официјална Анкара за настојувањето на ПКК да ја поделат турската држава.
– Ние (Курдите) сакаме да живееме во рамките на Турција, слободно, на нашата земја, вели Баик, порачувајќи дека борбите ќе продолжат додека Анкара не ги прифати курдските права.
Лидерот на ПКК го обвинува турскиот претседател Ердоган дека „сака да ги истреби Курдите, доколку не се предадат“ и предупредува дека „тврдоглавоста на Турција може да доведе борбите да не се одвиваат само во Курдистан, туку и низ целата земја“.
Турските власти, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Двегодишното примирје, се прекина и борбите се обновија, откако во јули 2015 година, турските воздухопловни сили нападнаа бази на курдските борци во Северан Ирак.
Црвенот Крст проценува дека досега се убиени повеќе од 340 припадници на турските безбедносни сили, околу 300 припадници на ПКК и барем 200 цивили.
Советникот на турскиот претседател, Линур Чевик во изјава за Би-Би-Си ја отфрли можноста, во овој момент, да се обезбедат преговори меѓу двете страни. Тој го повтори официјалниот став на Анкара, дека ПКК сака да ја подели Турција за да отцепи и создаде посебна курдска држава.