Азизи: Иран нема да се откаже од своите црвени линии

Од:

Исламската Република нема да се откаже од своите црвени линии, како што се правото на збогатување ураниум, управување со Ормутскиот теснец и укинувањето на санкциите, нагласи денес шефот на парламентарниот Комитет за национална безбедност и надворешна политика на Иран, Ебрахим Азизи.

– Јасно е дека Трамп еден ден користи закани за да се спаси од овој стратешки ќорсокак, а следниот моли за договор, напиша Азизи на својот профил на платформата X, објави новинската агенција Мехр.

Американскиот претседател Доналд Трамп во среда тврдеше дека Иран „преговара со последните сили“ и инсистираше дека парламентарните избори во ноември нема да го принудат да брза со договор за да се стави крај на речиси тримесечната војна што предизвика тешкотии низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик