Прелиминарната истрага потврдува дека руска ракета над Грозни ја предизвикала трагедијата на авионската несреќа кај Актау, односно дека 38 патници загинале во средата откако авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се урнал при обид за итно слетување во близина на градот Актау во Казахстан затоа што беше Русите го погодија. Лица од азербејџанската влада ексклузивно потврдија за Еуроњуз дека руска ракета земја-воздух го предизвикала соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ во близина на Актау во средата.
Проектилот бил истрелан кон летот 8432 за време на активноста на дронот над Грозни, а шрапнели ги погодиле патниците и екипажот во кабината.
Владини извори за Еуроњуз изјавија дека оштетениот авион не смеел да слета на ниту еден руски аеродром, и покрај барањата на пилотот за итно слетување, и му било наредено да го продолжи летот преку Каспиското Море до Актау во Казахстан.
Според податоците, GPS навигациските системи на авионот биле прекинати во текот на целиот лет над морето.
Во авионската несреќа загинаа 38 од вкупно 67 лица во авионот. Меѓу жртвите се и пилотот, копилотот и стјуардесата, кои биле во предниот дел на авионот.
Авионот Ембраер, наводно, по грешка бил идентификуван како украински дрон и погоден со проектил лансиран од областа Наур во Чеченија. Сомневањата се дека силите на Рамзан Кадиров, претседателот на Чеченија, испукале ракета Панцир-С1 кон авионот, пишува Мирор.
Делумниот транскрипт од наводната комуникација помеѓу пилотот и контролата на летот укажува на катастрофален настан што екипажот, сега се чини погрешно, му се припишува на судир со јато птици.