Азербejџанската полиција ги растури демонстрациите во Баку против насилството во армијата

Од:

Полицијата во престолнината на Азербејџан вчера приведе неколку опозициски активисти, кои протестираа против насилството во армијата, што се први вакви демонстрации во земјата, пренесоа британските медиуми.

Протестот беше предизвикан од изненадната смрт на војникот Џејхун Губадов на 7 јануари, додека бил на должност во касарна.

Министерството за одбрана првично соопшти дека момчето починало од срцев удар, но неговата мајка за домашните медиуми изјави дека тој починал од насилна смрт и покажа снимки на кои се гледаат траги од насилство.

Фотографиите предизвикаа ерупција од незадоволство на социјалните мрежи.

Истрагата доведе до апсење на четворица војници за дисциплински прекршоци и недостиг на контрола.

Над 500 демонстранти протестирааа вчера во главниот град, скандирајќи „Не на убиствата во мирно време“.

Азербејџан го зголеми своите воени трошоци во последните години, демонстрирајќи сила пред соседна Ерменија, со која водеше војна во текот на 90-те години, но според експертите армијата е слаба и има потреба од модернизација. Чести се и случаите на малтретирање и самоубиства.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“