Авторот на филмот за Мухамед: Не се каам, ќе направам и втор дел

Од:

Накула Баселеј, кој американските медиуми го сметаат за автор на филмот „Невиноста на муслиманите“, побара полициска заштита за својата лична безбедност, откако во средата беше идентификуван.

Тој изјави дека и покрај тоа што ги предизвика муслиманите на масовни протести со својот квазифилм, сепак не се кае и ќе направи и втор дел на филмот.

„Јас воопшто не жалам. Жалам што почина амбасадорот, но не жалам што го направив овој филм“, рече човекот кој се престави како Накула Баселеј, 55-годишниот Копт кој живее во Калифорнија.

„Јас стојам зад 14-минутниот дел од филмот и јас го ставив на интернет. Размислувам да го поставам и целиот филм“, додаде тој.

Кога го прашале дали таа се чувствува виновен за последиците што ги направи овој филм, тој рекол:

„Да, јас се чувствувам виновен. Америка претрпеа последици заради филмот со кој нема ништо заедничко. Но, имам порака за целиот свет, а не само за муслиманите. Се надевам дека прво ќе го видат филмот, а потоа ќе судат“.

Се опишал себеси како „арапски мислител кој се интересира за муслиманските теми“.

Првично беше најавено дека режисер на филмот е Сем Василиј, израелски Американец финансиран од Израелците.

Тој се скри кога започнаа немирите во Египет и Либија, додека Стив Клаин, консултант за филмот, рече дека Василиј се уплашил и побегнал кога ја слушнал веста за смртта на американскиот амбасадор Стивенс.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата