Автомобил-бомба експлодира денеска пред Конзулатот на Шведска во Бенгази, источна Либија, при што е предизвикана само материјална штета.
Се уште никој не презел одговорност за нападот. Конзулатот на Шведска е еден од малкуте странски мисии во Бенгазии кои се уште се отворени.
Експлозијата се случи неколку денови откако американските специјалци во Триполи уапсија либиски државјанин осомничен за напади врз американски дипломатски претставништва во Африка пред 15 години, што предизвика бес кај либиските исламисти, кои повикаа на терористички напади.