Австрискиот канцелар планира мировна мисија во Украина

Од:

Австрискиот канцелар Вернер Фајман планира да опатува во мировна мисија во Украина, пишува денеска виенскиот весник „Кронен цајтунг“.

Тој, како што наведува весникот, ќе ги посети Брисел и Киев, а сака да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин.

– Кој сака да ја спречи војната мора да покрене политички активности за да спречи воени активности, изјави Фајман за виенскиот весник.

Фајман за следната недела се подготвува да отпатува во Брисел за да се сретне со новиот висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со неа да ги усогласи своите активности. Истовремено, австрискиот канцелар се подготвува и за средба со украинскиот претседател Петро Порошенко.

По посетата на Брисел и Киев, додава весникот, Фејман сака да разговра и со Путин.

Целта на мировната мисија на Фајман е да се воспостави одржлив мировен план во руско-украинскиот конфликт.

Портпаролот на австрискиот канцелар, Сузана Енк изјави дека Фајман в четврток во Рим ќе разговара со Могерини, со која планирана да ја усогласи својата мировна мисија. Таа додаде дека патот во Киев исто така треба да се реализира, но во следните три недели, а со Путин во тој период е планиран телефонски разговор.

Би можело да ве интересира

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична