Курц: Мораме да издржиме додека вакцината не ни овозможи враќање во нормалност

Од:

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц по повод националниот празник на земјата изјави дека граѓаните ќе мора да живеат со Ковид-19 уште многу месеци.

Како што рече тој, „луѓето мораат да издржат додека вакцината не им овозможи да се вратат во нормалниот живот“.

Курц рече дека граѓаните се истоштени поради оваа криза и дека повеќе не сакаат да слушаат за коронавирусот.

Тој истакна дека граѓаните на Австрија ќе мораат да живеат уште многу месеци со смртоносниот вирус.

„Мора да издржиме се додека вакцината не ни овозможи да се вратиме во нормала. Ако фрустрацијата и гневот се посилни, тогаш треба да запомниме дека оваа криза не е трајна и дека крајот е на повидок”, рече тој.

Канцеларот ги пофали сите институции на земјата, а особено армијата, за нивниот придонес во оваа криза.

Тој изрази уверување дека Австрија, со своето единство, како и во минатото, добро ќе ја помине оваа криза.

„Пред нас се уште тешки месеци и знам дека не е лесно за сите нас“, рече Курц и додаде дека сегашната криза е без сомнение еден од најтешките предизвици со кои се соочува општеството од Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Курц е осуден за давање лажни изјави

Курц лажно сведочел во аферата „Ибица“, му се заканува затворска казна

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска