Австриски уролог обвинет за злоставување 109 момчиња

Од:

Уролог во Австрија сексуално злоставувал 109 момчиња за период од дваесет години.

Четириесет од нив се помлади од 14 години, тврди канцеларијата на обвинителот во австрискиот град Велс.

Обвинетиот лекар (57) може да добие казна затвор од 15 години.

Обвиненијата вклучуваат сериозна сексуална злоупотреба, поттикнување други да создаваат детска порнографија и дистрибуција на канабис на малолетни лица.

Лекарот почнал со злоставувањата во 2000 година, а траеле до јануари минатата година.

Случајот излезе во јавност откако една мајка го обвини лекарот дека го злоставувал нејзиниот син кога имал 13 години.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски