Австријците тргнуваат со автомобили по бегалците во Унгарија

Од:

Околу 3000 луѓе се приклучија изутринава на граѓанската иницијатива која беше покрената преку Фејсбук, а во која се повикуваше на формирање конвои со приватни возила да ги земат бегалците од Унгарија и да ги донесат во Автстрија.

-Истече времето да и се упатуваат повици на Европската унија и на политичарите, сега треба да дејствуваме, напишаа активистите на страницата „Конвој Будимпешта-Виена“, која утринава имаше 2900 виртуелни учесници. Првиот конвој треба да тргне во недела изутрина од Виена и да „донесе колку е можно повеќе бегалци во Будимпешта, а од тука е можно во Германија“, се наведува во повикот.

Организаторите наведоа дека реагираат на одлуката на унгарската власт оваа недела да го стопираат железничкиот сообраќај со Западна Европа, вклучувајќи ги и бегалците со важечки карти.

Четворица автриски државјани кои се осомничени се дека сакале да превезат бегалци во Австрија, приведени се денеска во Будимпешта, а за тоа престап може да добијат и пет години затвор во Унгарија.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, по интервенцијата на неговиот австриски колега, Себастијан Курц изјави дека активистите ќе бидат веднаш ослободени.

-Тие ќе бидат пуштени, ние се наоѓаме во многу тешка ситуација. Не ни се потребни луѓе кои доаѓаат да се забавуваат и уште повеќе да ја влошат целата ситуација, рече Сијарто во Брисел.

Австриското министерство за внатрешни работи потсетува дека помагањето на илегална имиграција претставува престап за кој се плаќа казна од 5000 евра.
Иницијативата „Конвој Будимпешта-Виена“ наведува дека предвиделе правна помош за сите учесници во конвојот.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто