Австрија: Задолжителна маска FFP2 и растојание од два метра

Од:

Австрискиот Парламент попладнево усвои нова уредба на министерот за здравство, Рудолф Аншобер, со која се продолжуваат и се заоструваат мерките за заклучување и заштита.

Указот предвидува од понеделник, 25 јануари, обврска да се носи маска со повисоко ниво на заштита, FFP2, во јавниот превоз, но и при купување или одење кај автомеханичар, на пазари, отворени или затворени, и за преземање нарачана храна од ресторани.

Маската FFP2 е исто така потребна за влез во суд или во која било друга институција. Според декретот, сите над 14 години, ќе мора да носат таква маска.

Покрај тоа, задолжителното растојание од лица од друго домаќинство се зголемува од еден на два метра.

Уредбата предвидува и продолжување на примената на целодневниот полициски час, кој овозможува напуштање на домот за работа, шопинг, прошетки поради ментално и физичко здравје, пружање помош на други.

Една новина е неделен задолжителен тест за одредени групи на луѓе. Така, неделно тестирање за коронавирусот ќе биде задолжително за медицинскиот персонал, негувателите, за сите лица кои имаат директен контакт со клиенти, како што се продавачи, возачи и слично.

Наставниците, работниците во логистика, но и сите во јавниот сектор кои имаат контакт со граѓаните, како и професионалните спортисти, исто така мора да се тестираат.

Указот ја продолжи мерката за заклучување до 3 февруари, а Владата претходно донесе одлука дека земјата нема да биде „отклучена“ пред 8 февруари.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски