Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка се заложо за затворање на „медитеранската рута“, по која во моментот најголем број бегалци доаѓаат во Австрија.
– Покрај затворената „балканска рута“, сега од клучно значење е да се затвори и „медитеранската рута“, истакна Соботка за германската новинска агенција ДПА.
Тој додаде и дека „спасувањето на отворено море не може да биде влез за Европа“.
– Во моментот тешко е да се процени како ќе се движи бројот на бегалци во топлите месеци. Австрија е во контакт со Италија, со цел да реагира на сите евентуалности, наведе Соботка.
Тој додаде дека во рок од неколку часови може да се примени управувањето на границите, како и дека нема алтернатива за заедничкото европско решение, кое вклучува делотворна заштита на надворешните граници на Европска унија.