Австралиски војници по грешка убиле две авганистански деца

Од:

Австралиски војници од составот на Меѓународната мисија за поддршка на бебзедноста (ИСАФ) во Авганистан по грешка убија два деца во јужната авганистанска провинција Урузган, соопштија локалните власти.

Гувернерот на Урузган, Амир Мохамед Ахунзада информира дека двете деца, на возраст од седум и осум години биле застрелани додека паселе говеда. Според Ахунзада, до инцидентот дошло кога војниците на ИСАФ возвратиле на напад на талибанските бунтовници.

– Австралиските војници ги убија децата по грешка, тоа не беше намерен инцидент, потеницира Ахунзада.

Претставник на ИСАФ во Кабул изјави дека не може да даде детали за настанот, додавајќи дека Мисијата испратила тим на теренот со цел да го испити целиот случај.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан