Австралиски фотограф освои награда „Ворлд прес фото“ со фотографија од имигрант

Од:

Фотографијата од австралискиот фотограф  Ворен Ричардсон, на која се прикажува како на светлина од месечина во вечерните часови мигрант пренесува бебе под ограда со бодликава жица на границата меѓу Унгарија и Србија, ja освои престижната награда „Ворлд прес фото“ („World press photo“) за 2015 година, пренесува БТА. 

Ричардсон ja направил фотографијаta на 28 август во близина на граничниот премин Риоске во Унгарија, кога имигранти се обиделе да ја преминат границата од Србија пред унгарските власти да го завршат издигнувањето на безбедносната ограда. 

Членот на жирито Вон Волас ја оцени фотографијата како „неверојатно моќна визуелно, која поседува и многу нијанси“. 

Според него, фотографијата „те тера да престанеш да го гледаш лицето на мажот и да го гледаш бебето. Ја гледаш острината на жицата и рацете, кои се подадени во мракот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on