Австралиски болничар уапсен затоа што бил во редовите ИД во Сирија

Од:

Еден австралиски болничар е уапсен на аеродромот во Сиднеј, осомничен дека бил „вклучен во воениот конфликт во Сирија“, соопшти денеска локалната полиција.

Адам Бруклин (39) е првиот Австралиец кој се вратил во земјата од Сирија, или од Ирак, откако владата во Канбера ги донесе новите антитерористички закони.

Австралискиот министер за правда, Мајкл Кинон изјави за домашните медиуми дека на Бриклин му било дозволено да се врати, но дека тој и неговиот случај ќе бидат детално испитани.

Бруклин кој пред неколку години преминал во исламот, тврди дека заминал во Сирија за да се вклучи во „хуманитарната работа„ помагајќи им на луѓето погодени од војната, но дека при едно бомбардирање, бил ранет.

Според неговото објаснување, бил префрлен во болнца која се наоѓала на територијата што ја имала под своја контрола милитантната исламистичка група Исламска држава, каде подоцна џихадистите го присилиле да работи за ИД.

На 21 јули годинава, Бруклин самиот им се предал на турските власти, откако ја преминал сириско-турската граница.Бил задржан од турските власти кои после преговорите со властите во Австралија, го пуштиле да замине за Сиднеј.

Неговата верзија за случувањата сега ја проверуваат безедносните власти, а тој од затворот во Сиднеј ќе биде префрлен во Мелбурн.

Бруклин беше го имаше првото судско сослушување, но не се појави во судот, туку зборуваше преку видео-линк.

Австралија се наоѓа во состојба на безбедносна тревога, поради можен напад од радикалните и милитантни муслимани, како и од оние кои се борат со џихадистите во Сирија и во Ирак.

Со новите закони, членувањето или вклученоста во некоја милитантна група претставува кривично дело.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска