Австралиската држава Викторија уште шест месеци во вонредна состојба

Од:

Поради состојбата со коронавирусот, во австралиската држава Викторија денеска е продолжена вонредната состојба за уште шест месеци.

Горниот дом на Парламентот на Викторија донесе закон со 20 гласа „за“ и 19 „против“, со кој се продолжува вонредната состојба, со што се зајакнуваат овластувањата на Владата да усвојува ограничувања поврзани со пандемијата.

Владата сакаше да се продолжи вонредната состојба на една година.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 90 новозаразени со коронавирус и шест смртни случаи.

Тоа е зголемување во споредба со вчера, кога бројот на новозаболени беше 70.

Во текот на претходните седум дена, бројот на нови случаи беше двоцифрен и во просек 95, додека во претходните недели во просек имаше по 175 новозаразени дневно. 

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ