Австралиската амбасада евакуирана

Од:

Австралија објави дека го евакуира персоналот од амбасадата во Киев, бидејќи ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина, како што наведоа, забрзано се влошува.

Персоналот на австралиската амбасада во Киев е испратен во привремена канцеларија во Лавов, град во западна Украина, кој се наоѓа на околу 70 километри од границата со Полска, се вели во соопштението на министерот за надворешни работи Марис Пејн, пренесува Ројтерс.

„Продолжуваме да ги советуваме Австралијанците веднаш да ја напуштат Украина“, рече Пејнова.

Премиерот Скот Морисон предупреди дека ситуацијата „доаѓа во многу опасна фаза“ и изјави дека „автократските еднострани акции на Русија ја загрозуваат и вознемируваат Украина, што е целосно неприфатливо“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск