Австралија истражува случај на тромбоза по вакцинирање со „Астра зенека“

Од:

Австралиските власти испитуваат случај на тромбоза кај пациент кој бил вакциниран против коронавирус со вакцината на „Астра зенека“, објави телевизијата АБЦ повикувајќи се на вршителот на должност австралиски санитарен инспектор Мајкл Кид.

Пациент на 44-годишна возраст, вакциниран против коронавирусот на 22 март, е хоспитализиран со тешка тромбоза и моментно се лекува во болница во Мелбурн.

– Овој случај во моментов го истражува Администрацијата за терапевтски производи (ТГА) и утре наутро ќе се одржи состанок за да се разгледа случајот и да се утврди дали може да се поврзе со вакцината на Астра Зенека, истакна Кид.

Тој ги предупреди граѓаните „доколку примиле вакцина на „Астра зенека“ и имаат постојана главоболка или други вознемирувачки симптоми од четвртиот до дваесетиот ден по вакцинирањето, тогаш веднаш да побараат лекарска помош“.

Би можело да ве интересира

Австралија воведува петта доза од вакцината против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Брод за крстарење закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимки од емотивни семејни средби на аеродром, Австралија конечно ги отвори границите

Катерина Ѓуровски

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

По речиси две години, Австралија отвора граници за вакцинирани туристи

Катерина Ѓуровски

Рекорден број новозаразени со Ковид во две австралиски држави