Австралија ги повика своите државјани да го напуштат либискиот град Бенгази

Од:

Австралија ги предупреди своите државјани за конкретна закана од напади во Бенгази, откако вчера тоа го сторија Велика Британија, Германија и Холандија.

Постои опасност од напади врз западни цели во Либија во одговор на француската интервенција во Мали, посочува Министерството за надворешни работи.

Според податоци на Министерството, во Либија има вкупно 22 Австралијци, а двајца од нив се во Бенгази.

И Министерство за надворешни работи на Малта ги предупреди граѓаните да бидат внимателни бидејќи во Бенгази ситуацијата е „алармантна“. „Ер Малта“ денеска ги откажа летовите за Бенгази.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски