Австралија дала пари за да се врати брод со имигранти во Индонезија

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот денеска не ги демантираше тврдењата на медиумите за тоа дека еден австралсики воен брод, им платил на капетанот и на членовите на екипажот на брод полн со имигранти, да се вратат назад во Индонезија.
Абот, меѓутоа, инсистира дека неговата влада има остварено „извонредно креативен приод“ за да се запре напливот на бродови со илегални имигранти, кои настојуваат да стигнат до Австралија.

Министрите за имиграција и за надворешни работи, претходно, демантираа дека се дадени пари за имигрантски брод да не дојде до австралискиот брег.

Официјална Џакарта, во меѓувреме, изрази „ загриженост“ поради ова откритие во врсКа со бродот со имигранти.

Според австралиските медиуми кои на овој случај му даваат голем публицитет, полицијата во индонезиската провинција Ист Нуса Тенгара, пред крајот на мај, ги уапсила капетанот на бродот и сите членови на екипажот.

На бродот имало имигранти од Бангладеш, Мјанмар и Шри Ланка кои биле на пат за Нов Зеланд. Кај оддалечениот остров Роте, на околу 500 километри североисточно од Австралија, брод на австралиската воена морнарица го запрел имигрантскиот брод на отворено море, а функционер на австралиската имигрантска служба им исплатил по пет илјади австралиски долари (околу 3900 американски) на капетанот и на секој член од екипажот, да се вратат назад и тие тоа го направиле.

– Ги видов парите со свои очи. Ова е првпат Австралијанците да им плаќаат на екипажите на имигрантските бордови, за да не допловат до Австралија, изјави шефот на локалната полиција во индонезиската провинција Ист Нуса Тенгара.

Австралиската телевизија (Еј-Би-Си) како и радио Нов Зеланд ги потврдуваат извештаите за исплатата, пренесувајќи изјави на вратените имигранти.

Би можело да ве интересира

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски