Еден аматер трагач по злато ги изненадил експертите ископувајќи во австралиската држава Викторија, во близина наградот Баларат, грутка од скапоцениот метал, тежок пет и пол килограми.
Човекот, чиј идентитет не е објавен, златото го барал со детектор за метал, а грутката, каква што никогаш не е ископана во тоа подрачје, лежела на само 60 сантиметри под површината на земјата.
Врз основа на тековните цени на берзите, откопаната грутка злато вреди околу 315.000 американски долари.
– Бев трагач и дилер на злато повеќе од две децении и не се сеќавам дека овде некогаш е ископана грутка потешка од 3 килограми – рече Кордел Кент, кој во Баларт откупува злато од трагачи.