Авионот се урнал во Балтичкото Море, хеликоптер ги пронашол остатоците

Од:

Авионот „Цесна“ со четворица патници се урнал во Балтичкото Море, пишува „Билд“. Авионот полетал од југот на Шпанија и се упатил кон Германија, поточно Бон.

По полетувањето имало проблем со притисокот во кабината. Кај Пиринејскиот Полуостров била прекината секаква комуникација со авионот.

Шпански и француски борбени авиони полетале за да дознаат што се случило со „цесната“, но не успеале да остварат контакт.

Според првите информации, во леталото освен пилотот имало и тричлено семејство.

Шведската крајбрежна стража испрати бродови и хеликоптер на местото на несреќата. Според последните информации, тие забележале дамка од гориво во морето и пронашле делови од урнатините.

Се стравува дека нема преживеани.

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна авион во близина на автопат во САД, нема преживеани

Русија: Потребен е ДНК материјал на роднините за да се идентификуваат жртвите од авионската несреќа

Американски бомбардер се урна за време на тренинг лет

Горан Наумовски

Новиот полски министер ја распушти комисијата која ја обвини Русија: Истрагата беше политички мотивирана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сe скрши стакло, пилотот извлечен низ прозор на авионот: Страшна сцена на 5.000 метри