(ВИДЕО) Сe скрши стакло, пилотот извлечен низ прозор на авионот: Страшна сцена на 5.000 метри

Од:

Откако се скршија прозорците, пилотот на „Бритиш Ервејс“, Тим Ланкастер, беше „исцицан“ од прозорецот на кабината на авионот. Во последен момент, стјуардот успеа да го фати за нозете и со тоа да го спаси од сигурна смрт.

Инцидентот се случил на 20 јуни 1990 година поради погрешни завртки кои биле користени за фиксирање на ветробранското стакло на авионот на летот 5390. Во моментот кога стаклото се скршило, авионот бил на височина од 5.000 метри и летал само 13 минути на рутата од Бирмингем до Малага.

Членот на кабинскиот екипаж Најџел Огден бил во пилотската кабина кога пилотот излетал низ прозорецот. Успеа да го фати за нозете.

„Имаше огромна експлозија. Се свртев да видам дека предното ветробранско стакло го нема, а Тим, пилотот, леташе низ него – тој беше извлечен од ременот и се што можев да видам беа неговите нозе. Ја прескокнав контролната колона и го фатив околу половината за да го задржам“, изјави Огден во интервју за Sydney Morning Herald.

Силата ги ослабна рацете на Најџел и тој почна да добива смрзнатини. Верувајќи дека ќе ја изгуби контролата врз Тим, вториот стјуард Џон Хевард пристигна на местото на настанот и успеа да го зграпчи појасот на Тим.

„Неговото лице удираше во прозорецот, а крвта му излегуваше од носот и од страната на главата, рацете му летаа и изгледаа долги околу два метри“, рече Огден.

Авионот безбедно слета на аеродромот во Саутемптон и Тим беше префрлен во болница. Имаше голем број на скршеници и модринки.

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна авион во близина на автопат во САД, нема преживеани

Русија: Потребен е ДНК материјал на роднините за да се идентификуваат жртвите од авионската несреќа

Американски бомбардер се урна за време на тренинг лет

Горан Наумовски

Новиот полски министер ја распушти комисијата која ја обвини Русија: Истрагата беше политички мотивирана

Предраг Петровиќ

Јутјубер намерно урна авион за кликови на мрежата: Осуден е на шест месеци затвор

Предраг Петровиќ