Три лица загинаа кога еден мал авион се урна во германскиот град Брухзал.
Според германските медиуми, авионот се урнал во фасадата на продавница, а притоа починале три лица.
Засега не е познато како се случила несреќата.
Надлежните органи се наоѓаат на местото, а полицијата спроведува истрага.