Авион на „Аласка Ерлајнс“ принудно слета поради човек кој „дремнал“ на работното место

Од:

Пилотот на авионот на компанијата „Аласка Ерлајнс“ покрена тревога и побара и доби дозвола за принудно слетување во Сиетл ,на пацифичкиот брег од САД, откако беше откриено дека „нешто чудно се случува“ во делот на авионот каде е сместен багажот.

Авионот „Боинг 737“ летал на својот редовен лет од Аљаска кон Лос Анџелес, со 170 патници. Летот се одвивал нормално се додека главниот пилот на слушнал звуци од под трупот на авионот.

Веднаш по слетувањето, авионот бил детално прегледан ,а во неговиот „багажник“ бил откриен „заробен“ човек за кој никој од членовите на екипажот не знаеле дека е таму.

Човекот рекол дека е работник во одделот за товарење на багажот на патниците и дека заспал меѓу куферите и багажот уште додека траело товарењето.

Неговиот раководител во Аљаска го потврдил идентитетот и изјавил дека забележал дека нема еден од неговите вработени, по кого почнала потрага. Неговите колеги го барале по мобилен телефон, па кога не успеале да го најдат заклучиле дека заминал дома за да спие

„Заспаниот“ работник признал во Сиетл дека бил преморен од работата и дека кога седнал да се одмори во утробата на авионот, заспал. Рекол дека не ни забележал кога авионот полетал.

На работнто место дошол во 05,00 часот и дека работел постојано до 14,30 часот, кога заспал од премореност.

Аеродромските власти во Сиетл побарале тој да биде прегледан во болница за да се утврди дали има некакви повреди поради времето поминато во „багажникот“ на Боингот. Во болницата му бил земен и тест за да се види дали бил дрогиран, но бил брзо отпуштен како сосема здрав.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас