Авион излета од писта на аеродром во Полска

Од:

Авион од типот „Боинг-737“ денеска излета од пистата при слетувањето на аеродромот во полскиот град Катовице, по што остана заглавен во калливото поле.

Како што соопшти претставник на аеродромот, авионот на чешката авикомпанија „Травел Сервис“ по излетвувањето продолжил да се движи уште 20 метри по калливото поле, по што со предниот дел заглавил во калта.

Според него, никој од 176-патници и шестмината члeнови на екипажот не е повреден при инцидентот.

Авионот летал од египетското одморалиште  Шарм ел Шејк до Катовице.

По несреќата аеродромот е затворен за сообраќај и сите летови се пренасочени кон Краков.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата