Авион итно се вратил на аеродромот од кој полетал поради пукнатина на прозорец

Од:

Авионот „Боинг 737-800“ на јапонската компанија „Ол Нипон Ервејс“ се вратил на аеродромот од кој полетал откако за време на летот се појавила пукнатина на прозорецот на пилотската кабина, соопшти денеска компанијата.

Авионот бил на пат кон аеродромот во градот Тојама, но се вратил на аеродромот Њу Читозе во градот Сапоро на островот Хокаидо откако била откриена пукнатина на надворешниот слој на прозорецот на пилотската кабина.

Нема повредени меѓу 59-те патници и шестмината членови на екипажот.

Овој авион не е еден од авионите „Боинг 737 Макс 9“ кои се во центарот на вниманието на јавноста откако дел од авионот падна за време на лет минатата недела.

Вчера американската Администрација за воздушен транспорт го продолжи приземјувањето на „Боингот 737 МАКС 9“ на неодредено време заради безбедносни проверки.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нов инцидент на Боинг 737, во САД се откачи капак на мотор

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците

Авион полн со патници почна да губи висина, голем број повредени

Горан Наумовски