Авиокомпанијата „Боинг“ најавува план за кој предвидува „доброволно“ заминување на вработените од компанијата

Од:

Генералниот директор на „Боинг“, Дејвид Калхун најави спроведување на план за доброволно заминување на вработени, со цел компанијата да ги надмине последиците од пандемијата и да се подготви за зајакнување по завршувањето на здравствената криза.

„Преземаме мерки, вклучувајќи и план за доброволни напуштања на работните места… Овие мерки ќе доведат до стабилизирање, под услов да не се соочиме со други предизвици“, им напиша, генералниот директор на сите вработени во авиокомпанијата.

Воздухопловниот сектор е меѓу првите економски жртви на Ковид-19, а „Боинг“ беше во криза и поради авионот „737 Макс“, на кој му е забрането летање по двете авионски несреќи во кои загинаа 346 луѓе.

Би можело да ве интересира

Боинг укинува 17.000 работни места, ја одложува испораката на 777X

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

ВИДЕО: Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

Почина уште еден „свиркач“ од „Боинг“ – беше отпуштен откако предупреди за безбедносни пропусти на „737 MAX“

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски