Авганистанските сили ја презедоа контролата врз затворот Баграм

Од:

Авганистанските сили денеска од САД ја презедоа контролата врз воениот затвор Баграм, кој се наоѓа северно од главниот град Кабул.

САД долго време стравуваа дека целосниот пренос на контрола на авганистански сили ќе им овозможи на талибанците и екстремистите од Ал Каеда, кои се наоѓаат во Баграм да го повратат оружјето.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл во саботата постигнал телефонски договор со Хамид Карзаи и церемонијата на пренос на овластувањата е одржа денеска.

Баграм требаше да им биде предаден на авганистанските сили на 9 март, но трансферот е одложен во последен момент поради тоа што Карзаи наговести дека „невините“ затвореници кои се наоѓаат таму ќе бидат ослободени.

САД во септември им ја препуштија на авганистанските власти контролата над повеќе од три илјади затвореници во Баграм, кој е наречен авганистански Гвантанамо, поради тоа што некои личности таму се затворени без судење и без обвиненија.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан