Авганистански преведувачи бараат азил во Чешка

Од:

Преведувачите кои ги вработува чешката војска во Авганистан би сакале да добијат азил во Чешка, поради страв од одмазда од талибанските борци по заминувањето на коалициските сили, јави дописникот на МИА од Прага.

– Се разбира дека постои загриженост од овој вид меѓу преведувачите. Работата на преведувач во Авганистан е многу важна за успехот и безбедноста на операциите, затоа логички тие се загрозени од страна на опозициските сили, изјави портпаролот на Генералштабот на чешката Армија, Јана Ружичкова за Чешката новинска агенција ЧТК, потврдувајќи дека е забележан интересот на одреден број Авганистанци за азил во Чешка.

За потребите на чешката војска во Авганистан работат 20 до 25 преведувачи.

Ситуацијата на тие кои се загрижени за својот живот ја разгледуваат министерствата за одбрана и надворешни работи на Чешка, а според Министерството за внатрешни работи до нив нема доставено официјални барања за азил.

Со повлекувањето на сојузничките сили на мисијата ИСАФ во Авганистан по пет години, годинава беше повлечен и чешкиот тим сместен во покраината Логар. Според плановите, големите воени контингенти ќе бидат заменети со помали советодавни тимови кои ќе ги обучуваат авганистанските владини сили.

Според началникот на Генералштабот на чешката Армија, Петр Павел до крајот на 2014 година бројот на чешки војници во Авганистан ќе се намали од 500 на околу 150.

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан