Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Од:

Хасан М. им признал на истражителите за време на испрашувањето „дека бил на брегот на Рајна во Вормс“, каде што подоцна било пронајдено телото на неговата ќерка.

Откако е пронајдено телото на 15 годишно девојче, уапсен е нејзиниот татко, чиј адвокат потврдил дека мотивот за ова злосторство било убиство за чест, бидејќи таткото не бил задоволен од начинот на живот на својата ќерка, пишува магазинот Феникс.

„Точно е дека таткото не бил задоволен од начинот како се однесувала неговата ќерка“, вели адвокатот.

Целото семејство е по потекло од Авганистан, но веќе неколку години живеат во Германија.

„Во изјавата во криминалистичката полиција, која траеше неколку часа, мојот клиент ги опиша деталите за убиството“, рече јавниот бранител. Со таткото во притвор е и мајката на девојчето.

Фактот дека двајцата родители се во притвор говори дека и двајцата учествувале во убиството“, објаснува експертот за кривично право.

Мојот клиент детално опиша што се случило од негова перспектива.

Хасан М. им признал на истражителите за време на испрашувањето „дека бил на брегот на Рајна во Вормс“, каде што подоцна било пронајдено телото на неговата ќерка.

Сега се истражува дали двајцата родители учествувале во убиството и кој за што е виновен.

Ќе треба да се расчисти кој што направил“, велат адвокатите.

Жртвата била брутално претепана пред да се удави.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски