Европската комисија соопшти дека ќе донира 125 милиони евра помош за Авганистан.
Средствата се наменети за зајакнување на државните институции и за спроведување на реформи. Целта на финансирањето е да се обезбедат подобро управување со буџетот и повеќе услуги за населението.
Дел од средствата ќе бидат и за подобрување на заштитата на човековите права, првенствено на жените и децата.