„Асошиејтед прес“: Агенти на ФБИ да не глумат новинари

Од:

„Асошиејтед прес“ од Министерството за правда на САД побара да вети дека агенти на ФБИ никогаш повеќе нема да се претставуваат како претставници на медиумите.

На барањето му претходи изјавата на директорот на ФБИ, Џејмс Коми, кој минатата недела за„Њујорк тајмс“ наведе дека агент на ФБИ се претставил како известувач од Асошиејтед прес“, за да помогне во приведување на 15-годишно момче кое е осомничено за закани со бомби во државата Вашингтон.

Во писмото до министерот за правда, Ерик Холдер и директорот на ФБИ, Коми, претседателот и директор на „Асошиејтед прес“, Гери Пруит прашува кој одобрил агентот да се претстави како новинар, која процедура следела потоа и дали тоа се уште се спроведува.

-Најважно е што сакаме уверување дека тоа повеќе нема да се случи – рече Пруит.

Коми истакна дека агентот се претставил како новинар кога го прашал осомничениот да ја прочита веста за заканите и сајбернападите на училиштето, за да биде сигурен дека осомничениот прикладно е претствен.

Тоа е направено преку електронска пошта а во лажната статија се наоѓал софтвер за верификување на интернет адресата. Кога осомничениот кликнал на линкот, ја открил локацијата на својот компјутер и интернет адреса, што им помогнало на агентите да го потврдат неговиот идентитет.

Пруит вели дека тврдењата на ФБИ не се утеха за медиумите и дека ФБИ со кражба на идентитет ја извалкал репутацијата на „Асошиејтед прес“, ги загрозил нивните новинари и ја намалил вредноста на слободата на медиумите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија