Основачот на Викиликс ја оквалификува како победа за Едвард Сноуден најавата на американскиот претседател Барак Обама за поголема транспарентност и за реформи на американските програми за шпионирање.
– Барак Обама ја потврди улогата на Сноуден како информатор, објавувајќи план за реформа на американската програма за глобално шпионирање, изјави Асанж.
– Тоа е до извесен степен победа за Сноуден и за негови поддржувачи, додаде тој.
Според него, „факт е дека без обелоденувањето од Сноуден, никој немаше да знае тие програми и немаше да има реформи“.