Асанж: Обама е волк во јагнешка кожа

Од:

Основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж го опиша денес претседателот Барак Обама како “волк во јагнешка кожа”, и рече дека очекува неговата влада да продолжи да го напаѓа неговиот веб-сајт.

Во изјавата за АФП по телефон од Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што побара азил во јуни, во обид да ја избегне екстрадиција во Шведска под обвинение за силување, Асанж рече дека победата на Обама не е причина за прослава.

– Обама изгледа како фин човек, а токму тоа е проблемот – рече 41-годишниот австралиец за АФП,откако Обама го порази републиканецот Мит Ромни, и освои уште еден претседателски мандат.

– Подобро е да имаме јагне во волчја кожа, отколку волк во јагнешка – рече Асанж, додавајќи дека “сите акции во САД против Викилик се случија во администрацијата на Барак Обама.”

Асанж ги повика САД да го ослободат Бредли Менинг, војникот обвинет дека испратил доверливи воени документи на “Викиликс” и е затворен во самица во американскиот воен затвор повеќе од две години.

– Реизборот на Обама се совпадна со 899 ден што Менинг го поминува во затвор – рече Асанж.

“Викиликс” во 2010 година го разгневи Вашингтон објавувајќи илјадници доверливи американски документи за војните во Ирак и Авганистан, а потоа депешите на американските дипломати во американските амбасади ширум светот.

Асанж на 7 декември 2010 година, се предаде на Скотланд Јард во Лондон и против него се водеше постапка за можна екстрадиција.

Искористувајќи ја осигураната одбрана од слобода со кауција, на 19 јуни оваа година, најде прибежиште во Еквадорската амбасада во Лондон и побара азил кој му е одобрен на 17 август, откако Шведска одби да му даде дипломатски гаранции дека по тамошното судење (ако тоа се случи) нема да биде екстрадиран во САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија