Асад е подготвен да отвори други премини за помош во северозападна Сирија

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека сирискиот претседател Башар ал-Асад покажал подготвеност да размисли за отворање други гранични премини за испорака на помош на жртвите од земјотресот во северозападниот дел на земјата, област која е под контрола на бунтовниците.

Гебрејесус разговараше со Асад за помошта што ќе им се обезбеди на жртвите од разорниот земјотрес на 6 февруари што ја погоди југоисточна Турција и дел од Сирија.

– Се повеќе кризи, од конфликти, коронавирус, колера, пад на економијата, а сега и земјотрес. Сето тоа предизвика неподносливи последици, рече Гебрејесус, кој беше во Алепо во саботата.

Досега само еден граничен премин е отворен од Турција за бунтовничките области во Сирија. Тој премин е оштетен во земјотресот и затоа се апелира за отворање и други гранични премини.

Хуманитарната помош вообичаено пристигнува во бунтовничките области преку Турција во рамките на прекуграничниот механизам создаден во 2014 година со резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Башар ал Асад во Москва

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски