Либиската национална армија (ЛНА) на Халифа Хафтар објави почеток на втората фаза од нападот врз Триполи, соопшти официјалниот претставник на ЛНА, Ахмед Ал Мисмари.
Ал-Мисмари на прес-конференција информира дека „ЛНА се погрижила за безбедноста на териториите и ги одредила основните и второстепените позиции на Владата на национално единство“.
Тој додаде дека ЛНА ја почнува втората фаза од нападот врз Триполи користејќи ја својата пешадија.