Ареаза: ЦИА стои зад обидот за соборување на Мадуро

Од:

Зад обидот да се собори претседателот на Венецуела Николас Мадуро стои американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), изјави венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза.

-Постои целосен план на ЦИА и опозицијата на Венецуела да се собори власта на Николас Мадуро и да се преземе контрола над природните ресурси во земјата, кои му припаѓаат на народот.

Тоа се обидуваме да го спречиме. Не сакаме народот на Венецуела да страда, изјави Ареаза на прес-конференција во Москва.

Според него, властите во земјата барале состанок со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

-Американската администрација би требала да дозволи опозицијата на Венецуела да седне на преговарачка маса со нас, рече Ареаза.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиките на Трамп

Џон Ретклиф – нов директор на ЦИА

А1он