Арапската лига на вонреден состанок в сабота во врска со турската офанзива

Од:

Арапската лига ќе има вонреден состок в сабота по барање на Египет во врска со турската офанзива во североисточна Сирија, се вели во соопштението на таа организација.

Египетското Министерство за надворешни работи вчера „остро ја осуди турската агресија против сириската територија“, истакнувајќи дека офанзивата „е флагрантен и неприфатлив напад врз суверенитетот на братска арапска земја“.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси вчера во телефонски разговор разговараше за турската операција со неговиот ирачки колега Бархам Салих, изјави портпаролот на претседателот.

„Турската агресија е опасен развој што го загрозува меѓународниот мир и безбедност и ја влошува кризата во регионот“, рече портпаролот.

Арапската лига, во која членуваат 22 земји, вклучувајќи ги Египет, Ирак и Саудиска Арабија, соопшти синоќа дека средбата в сабота ќе биде на министерско ниво и ќе се разговара за „турската агресија“ врз сириска територија.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он