Арафат е отруен, тврдат швајцарски научници

Од:

Извештајот на швајцарските научници, кои спроведоа анализа по тврдењата дека поранешниот палестински лидер Јасер Арафат е убиен, сугерира дека тој е отруен.

Во извештајот објавен во Журнал Лансет обелоденето е дека швајцарските научници, кои ги истражуваа сомнителните околности околу смртта на Арафат, нашле докази за присуство на полониум 210, високо радиоактивен елемент.

После анализата на дамка крв, урина и плунка од облеката и четкичката за заби на Арафат, тие пронашле високо ниво на елементот, кој можеби е употребен за убиство.

Арафат почина во ноември 2004 година, во 75. година, откако се разболе еден месец претходно. Во тоа време никој не можеше да утврди од што боледува, но после подоцнежните обвинувања за убиство, неговото тело беше ексхумирано во ноември 2012 година.

Директорот на Институтот за радиофизика во Лозано др. Франсоа Бохуд, кој ја водеше истрагата за Ал Џезира рече: Можам да потврдам дека измеривме необјасниво повишено ниво на полониум 210 во работите на господин Арафат, кои имаа дамки од биолошка течност.

Објавениот извештај во Журнал Лансет исто така потврдува: наодите ја поддржуваат можноста за труење на Арафат со полониум 210…врз основа на форензичките истражувања, имаше доволно сомнежи да се препорача ексхумација на неговото тело во 2012 година.

 

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците