Апели за прекин на антикинеските протести во Виетнам

Од:

Градоначалникот на Ханој, Нгуен Те Тао повика на прекин на протестите поради поставување на кинеска нафтена платформа во реонот на Јужно Кинеско Море, за кој Виетнам и Кина имаат територијален спор.

Протестите во Витнам прераснаа во насилство при што загина еден кинески државјанин и нанесена е материјална штета на многу фабрики.

Тао обраќајќи се кон организациите поврзани со Комунистичката партија, наведе дека продолжување на протестите може лошо да влијае врз политичката стабилност и општествениот ред во Виетнам.

Дисидентски и други групи го повикаа народот на протест утре пред Амбасадата на Кина во Ханој, а протест е планиран и во Хошимин.

Виетнамскиот премиер Нгуен Тан Зунг преку СМС пораки испратени до милиони граѓани побара прекин на „незаконските протести“ истакнувајќи оти безбедносните служби и локалните власти ќе преземат „решителни мерки против незаконските протести, кои водат до нарушување на безбедноста и општествениот ред“.

Антикинеските протести во Виетнам почнаа на почетокот од месецот кога Киа постави нафтена платформа во реонот на Јужно Кинеско Море. Виетнам тврди дека платформата е во неговата економска зона, додека Пекинг тврди дека таа е поставена во кинеска суверена територија во близина на спорните Параселски Острови, кои во Кина се нарекуваат Сиша. Кон архипелагот претензии има и Тајван.

Би можело да ве интересира

Британка и нејзиниот вереник пронајдени мртви во вила во Виетнам

А1он

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој